Кина денеска нареди затворање на градот Чангчун на североисток од земјата, кој има околу девет милиони жители, а каде што дојде до пораст на бројот на нови инфекции со коронавирусот.
Од жителите се бара да останат дома и да поминат три круга на масовно тестирање, додека стопирани се сите работни дејствија кои не се неопходни за живот, а на некои места и сообраќајот е во прекин.
Кина денеска пријави 397 нови случаи на ковид-19 во цела држава, од кои 98 во провинцијата Џилин, која го опкружува Чангчун.
Само два позитивни случаи се регистрирани во самиот град, иако властите во повеќе наврати ветуваа дека ќе ја затворат секоја заедница во која ќе се открие еден или повеќе случаи поради кинеската стратегија „нулта толеранција“ кон пандемијата.
Уште 93 случаи се откриени во околниот град Џилин кои властите делумно го затвориле и ги прекинале патните врски со други градови.