Вонредна седница на Советот на Општина Прилеп е закажана за денеска напладне, со единствена точка на дневниот ред – предлог-одлука за откажување на 19. меѓународен карневал „Прочка 2020“.
Ова е превентивна мерка поради ситуацијата со коронавирусот, зашто на меѓународниот карневал требаше да има гости од повеќе европски и балкански земји.
Со донесување на одлуката ќе се откажат сите тридневни карневалски активности: денешната изложба на маски, утрешниот детски карневал и големото карневалско дефиле што требаше да се одржи в недела.
Здравствените власти и Владата препорачаа да се откажат сите поголеми јавни собири за да се спречи ширење на коронавирусот.