Ова е тежок пат кој мора да ја поминеме, но економијата ќе се прилагоди, рече рускиот претседател на состанокот кој бил пренесуван во живо на телевизија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на состанокот што се пренесуваше директно на телевизија зборуваше и за земјите што преземаат, како што рече, „непријателски чекори“ против Русија и нејзината економија, алудирајќи на санкциите што ги воведе западот како одговор на руската воена инвазија на Украина.
Тој рече дека побарувачката расте за одредени работи, но изрази уверување дека овие проблеми ќе се решат.
„Народот ќе разбере дека едноставно нема нешто што не можеме да го решиме. Ова е тежок пат кој мора да ја поминеме, но економијата ќе се прилагоди“,
рече тој.
Тој најави дека руската Влада може да го преземе капиталот на странските компании кои се повлекуваат од Русија, односно да „воведе надворешен менаџмент“ на оние бизниси кои ги затвораат нивните производствени капацитети, а потоа „да ги даде овие претпријатија на оние кои се подготвени да работат“.
„Ќе најдеме правен начин да го направиме ова“,
вели тој.
Тој потоа го впери прстот кон запад, велејќи дека тие „ги повикуваат своите граѓани да ги затегнат ремените и да облечат топла облека“, посочувајќи ги санкциите за влошување на ситуацијата.
„Сето тоа изгледа многу чудно“,
вели тој.
Тој истакна дека Русија ги исполнува своите обврски за снабдување со енергија и не е виновна за поскапувањата.
„Тоа е резултат на нивните сопствени погрешни пресметки – не треба да не обвинуваат нас“,
рече тој.