Најавата доаѓа откако Русија претходно се закани дека ќе го затвори својот магистрален гасовод за Германија доколку Западот продолжи со забраната за руската нафта
Американскиот претседател Џо Бајден денеска се очекува да објави забрана за увозот на руска нафта, природен гас и јаглен во САД
Европската комисија ги претстави главните точки на планот за независност на Европа од руските фосилни горива пред 2030 година – почнувајќи од гасот.
Најавата доаѓа откако Русија претходно се закани дека ќе го затвори својот магистрален гасовод за Германија доколку Западот продолжи со забраната за руската нафта.
Овој план – заедничка европска акција – исто така содржи низа мерки како одговор на растот на цените на енергијата во Европа и има за цел да помогне во надополнувањето на резервите на гас за следната зима.
Европа веќе неколку месеци се соочува со зголемени цени на енергијата, но сега неизвесноста во снабдувањето поради руската инвазија на Украина го влошува проблемот.
„REPowerEU“ ќе се обиде да го диверзифицира снабдувањето со гас, да го забрза пуштањето во употреба на обновливите гасови и да го замени гасот во греењето и производството на електрична енергија.
Планот предвидува да се намали потребата на ЕУ од руски гас за две третини пред крајот на годината.
Американскиот претседател Џо Бајден денеска се очекува да објави забрана за увозот на руска нафта, природен гас и јаглен во САД. Се очекува САД да го направат ова еднострано, без своите европски партнери, поради несогласување меѓу европските нации околу тоа дали треба да се забранат руски енергенти, пишува Си-ен-ен.
Би-би-си објави дека и британскиот премиер Борис Џонсон се очекува да даде соопштение подоцна денеска, во врска со американска забрана за увоз на руска нафта и гас.
Според „Политико“ и „Блумберг“, забраната во Обединетото Кралство ќе биде постепена во текот на следните месеци и нема да го опфати рускиот гас.