Претходно денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека, поради недостигот на храна и вода со кој се соочува Мариупол, едно дете починало од дехидратација
Би-би-си пренесува дека руските сили го гранатираат патот за евакуација на цивили од градот Мариупол во Украина.
Портпаролот на украинското министерство за надворешни работи Олег Николенко соопшти дека руските трупи напаѓаат хуманитарен коридор помеѓу овој град и Запорожје, кое е оддалечено 225 километри, јавува Би-би-си.
Тој истакнал и дека осум камиони и 30 автобуси се на пат да му испорачаат хуманитарна помош на градот и да евакуираат цивили во Запорожје.
Цивилите во Мариупол живеат без вода и струја речиси една недела, а веќе се соочуваат и со недостиг на храна.
Претходно денеска Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека токму поради овие проблеми во Мариупол починало дете.
„Во 2022 година, замислете, дете умре од дехидратација“,
рече Зеленски во видеообраќање.