Евакуацијата на населението оди преку селото Романивка до Киев. Досега се извлечени околу 150 жители
Во градот Ирпин, западно од Киев, утрово започна евакуацијата откако последните денови тука се водеа тешки борби.
Евакуацијата на населението оди преку селото Романивка до градот Киев, изјави шефот на регионот Олексеј Кулеба.






До 9:30 часот (07:30 по Гринич) повеќе од 150 луѓе се евакуирани, додаде тој.
„Агресорот ја спречува евакуацијата на населението. Во рок од еден ден, оние кои успеаја да стигнат до собирното место самостојно излегоа од Ирпин. Сега областа се подготвува за голема евакуација и испорака на хуманитарна помош“,
изјави Кулеба.