Украинските пилоти веќе знаат како да управуваат со нив, а Блинкен вели дека САД би можеле да обезбедат авиони за Полска во замена за овие кои би ѝ ги отстапила на Украина
Ова следи по молбата од украинскиот претседател Володимир Зеленски до западните лидери да и обезбедат авиони на Украина за да се брани
Но, руското Министерство за одбрана ги предупреди соседите на Украина да не бидат база за украински борбени авиони, велејќи дека тие би можеле да бидат вмешани во конфликтот
САД активно разгледуваат можност за договор со Полска да ѝ даде воени авиони од руско производство на Украина, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Украинските пилоти веќе знаат како да управуваат со нив, а Блинкен вели дека САД би можеле да обезбедат авиони за Полска во замена за овие кои би ѝ ги отстапила на Украина.
„Сега активно го разгледуваме прашањето за авионите што Полска може да ги обезбеди за Украина и гледаме како би можеле да ѝ надополниме доколку Полска одлучи да ги испорача тие авиони“,
изјавил Блинкен, пренесе Би-би-си.
Блинкен рекол дека не може да каже кога тоа би се случило, но потенцирал дека ова прашање многу активно се разгледува.
Ова следи по молбата од украинскиот претседател Володимир Зеленски до западните лидери да и обезбедат авиони на Украина за да се брани.
„Затворете го небото над Украина од руските авиони, направете воздушна хуманитарна зона. Ние сме луѓе и наша хуманитарна должност е да не заштитите, да ги заштитите луѓето. Тоа го можете. Ако не го сторите тоа, ако барем не ни дадете авиони и да ни овозможите да се браниме сами себе, може да има само еден заклучок: Вие, исто така, сакате полека да бидеме убиени. Ова е исто така должност на светските политичари, на западните лидери. Сега и секогаш“,
рече Зеленски во едно од денешните обраќања.
Но, руското Министерство за одбрана ги предупреди соседите на Украина да не бидат база за украински борбени авиони, велејќи дека тие би можеле да бидат вмешани во конфликтот.