Причина за неговото обраќање е ракетирањето на градот Виница, во западниот дел на земјата
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно се обрати преку социјалните мрежи упатувајќи порака до западните земји дека ако не го затворат небото над Украина и со тоа да ги спречат руските авиони да напаѓаат, овозможуваат народот во Украина полека да биде убиен.
Причина за неговото обраќање е ракетирањето на градот Виница, во западниот дел на земјата.
„Само што ги видов извештаите за гранатирање на нашата мирна Виница. Осум ракети. Винитца никогаш не ја загрозувала Русија. Целосно е уништен аеродромот“,
рече Зеленски по што упати директна порака до како што рече светските политичари.
„Се уништува нашата инфарструктура, се убиваат нашите дедовци и баби, нашите родители, нашите идни генерации. Затворете го небото над Украина од руските авиони, направете воздушна хуманитарна зона. Ние сме луѓе и наша хуманитарна должност е да не заштитите, да ги заштитите луѓето. Тоа го можете. Ако не го сторите тоа, ако барем не ни дадете авиони и да ни овозможите да се браниме сами себе, може да има само еден заклучок: Вие, исто така, сакате полека да бидеме убиени. Ова е исто така должност на светските политичари, на западните лидери. Сега и секогаш“,
рече Зеленски.