Меѓународните санкции се насочени и кон руската авиоиндустрија, што го отежнува нормалното функционирање на „Аерофлот“ и другите руски авиокомпании
Руската национална авиокомпанија „Аерофлот“ ги откажа речиси сите меѓународни летови од 8 март, поради, како што рече, „дополнителни околности“ кои го попречуваат нејзиното работење.
Домашните линии и летовите до соседна Белорусија ќе продолжат без измени, соопшти авиокомпанијата.
ЕУ, Обединетото Кралство, САД и Канада ги забранија руските авиокомпании од нивниот воздушен простор – сериозно ограничувајќи го бројот на достапни дестинации и отежнувајќи ги другите рути.
Русија возврати со свои забрани за воздушниот простор.
Меѓународните санкции се насочени и кон руската авиоиндустрија, што го отежнува нормалното функционирање на „Аерофлот“ и другите руски авиокомпании.