„Прескокнувајќи го Собранието како единствен контролен механизам на извршната власт, претседателот Пендаровски покажа дека долгот кон владата на СДСМ/ДУИ му е побитен од демократските процедури“, напиша Милошоски на Фејсбук откако вчера претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за заминување на Фрчкоски во мисијата, и покрај тоа што тој во овој период не успеа да ја презентира својата платформа пред собраниската Комисија за надворешни работи, каде што во изминативе години во континуитет се одолговлекува финалната фаза пред заминувањето на новите македонски амбасадори
Извршната власт ја злоупотребува војната во Украина бидејќи додека јавноста е преокупирана со оваа криза, власта смета дека сега е моментот да шверцува се што е спорно и незаконито. Таква незаконитост е и указот на Пендаровски со кој Фрчкоски се упатува за амбасадор во Обединетите Нации, без да се исполнат условите пропишани во чл. 39 од Законот за надворешни работи, реагира денеска претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи.
„Прескокнувајќи го Собранието, како единствен контролен механизам на извршната власт, претседателот Пендаровски покажа дека долгот кон владата на СДСМ/ДУИ му е побитен од демократските процедури“,
напиша Милошоски на Фејсбук, откако вчера претседателот Стево Пендаровски го потпишал Указот за заминување на Фрчкоски во мисијата, и покрај тоа што тој во овој период не успеа да ја презентира својата платформа пред собраниската Комисија за надворешни работи, каде што во изминативе години во континуитет се одолговлекува финалната фаза пред заминувањето на новите македонски амбасадори.
„Да упатиш на територијата на Америка (ОН во Њујорк) амбасадор кој со сериозни забелешки бил одбиен како непожелна личност од Вашингтон е чин со кој се деградираат многу квалитетни амбасадори кои ги има Македонија, но се исмејува и волјата на САД како земја домаќин. Трето, во рамките на ОН постои многу важна дипломатска група ‘амбасадори на НАТО членки’, која има редовни состаноци за координација. Амбасадорот на САД е една од најбитните алки во таа дипломатска НАТО група, но се сомневам дека истиот ќе сака да сподели битни информации со Фрчкоски како личност кого неговата земја одбила да го прими во Вашингтон. Со тоа дополнително ќе биде нарушен угледот на Македонија во ОН, и активностите на нашата мисија во оваа организација ќе бидат маргинализирани“,
напиша на Фејсбук Милошоски, кого Фрчкоски на почетокот на постот го нарекува „Непожелниот за Вашингтон, шверцуван во Њујорк“.
Милошоски уште пред неколку месеци најави дека „ќе вложи максимални напори“ за тој да не ја преземе амбасадорската позиција.