Авиолинијата беше воспоставена на 11 февруари
Првиот лет на бугарската авиокомпанија „Гуливер“ ќе биде на 26 март 2022 година. Авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација два пати неделно, во сабота и во понеделник.
„Обновувањето на летовите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важен чекор за подобрување на транспортната поврзаност меѓу двете земји. Оваа заложба беше преземена од бугарската влада и веќе е реализирана благодарение на нашето добро партнерство со мојот македонски колега Благој Бочварски“,
изјави бугарскиот министер Николај Шабев, цитиран од неговиот прес-центар.
Сабев нагласи дека се работи и на тоа што поскоро да се изгради железничка врска меѓу двете земји.
На 11 февруари беше воспоставена авиолинијата Скопје-Софија.