Според УНХЦР повеќе од 160 000 луѓе се внатрешно раселени, а повеќе од 116 000 биле принудени да избегаат во соседните земји
Најмалку 64 цивили се убиени, а повеќе од 160 000 се во движење откако руските трупи влегоа во Украина оваа недела, соопшти агенцијата за помош на ОН.
„Од 17 часот на 26 февруари, (Канцеларијата за човекови права на ОН) УНХЦР известува за најмалку 240 цивилни жртви, вклучително и најмалку 64 загинати“,
пишува во статусниот извештај на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (U.N. Office for the Coordination of Humanitarian Affairs – OCHA).
Се додава дека вистинските бројки веројатно ќе бидат „значително повисоки“.
Оштетувања на цивилната инфраструктура оставија стотици илјади луѓе без струја и вода. Стотици домови беа оштетени или уништени, додека мостови и патишта погодени од гранатирање оставија некои заедници отсечени од пазарите, се вели во извештајот.
Според УНХЦР повеќе од 160 000 луѓе се внатрешно раселени, а повеќе од 116 000 биле принудени да избегаат во соседните земји.
Photo: EPA-EFE/MIKHAIL PALINCHAK
