Украинскиот амбасадор повика и на санкции против Русија и нејзините средства во Турција
Украина упати официјално барање до Турција да ги затвори теснецот Босфор и Дарданелите за руските воени бродови.
Ова денеска го изјави вонредниот и ополномоштен амбасадор на Украина во Турција, Васил Боднар, во Амбасадата на Украина во Анкара, јави украинската агенција Укринформ.
„Сега е најважно да се поддржи Украина. Ги повикувам турскиот народ и турските власти да ѝ помогнат на Украина. Повикуваме да се затвори воздушниот простор, да се затвори преминот преку Босфорот и Дарданелите за руските воени бродови. Официјално барање е испратено до турската страна“,
рече Боднар.

Украинскиот амбасадор повика и на санкции против Русија и нејзините средства во Турција, како и да се спречи Русија да заработува пари за војната.
„Воената поддршка за одбранбено оружје, финансиската и хуманитарната поддршка ни се важни. Повикувам да им помогнеме на оние украински граѓани кои моментално се на територијата на Турција и имаат потреба од дополнителна помош и заштита“,
рече Боднар.