„Сега кога гледаме како започнува инвазијата и кога Русија јасно стави до знаење дека целосно ја отфрла дипломатијата, таа средба нема смисла“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен и ја откажа закажаната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави дека ја откажал средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, која беше закажана за в четврток.
Блинкен на заедничката прес-конференција со украинскиот колега Дмитриј Кулеба во Вашингтон изјави дека се согласил да се сретне со Лавров минатата недела за да разговараат за безбедносните прашања во Европа, но само доколку Русија не ја нападне Украина.
„Сега кога гледаме како започнува инвазијата и кога Русија јасно стави до знаење дека целосно ја отфрла дипломатијата, таа средба нема смисла“,
рече Блинкен.
Тој додаде дека за ова прашање се консултирал со сојузниците и оти сите се согласни.