Според Трамп, не само што Путин го постигнува тоа што отсекогаш го сакал, туку и станува побогат благодарение на зголемените цени на нафтата и гасот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска жестоко го обвини својот наследник Џо Бајден за лошо управување со украинската криза и излезе со тврдење дека Владимир Путин „никогаш немаше да постапи вака“ доколку тој сè уште е во Белата куќа.
Доколку се управуваше правилно, тврди Трамп, нема апсолутно никаква причина воопшто да се случи тоа што денеска го гледаме.
„Добро го познавам Владимир Путин и никогаш не би го направил тоа што го прави сега за време на администрацијата на Трамп. Не доаѓа предвид!“,
рече Трамп коментирајќи ја наредбата на рускиот претседател за распоредување руски војници во двата сепаратистички региона од источна Украина.
Американскиот милијардер кој размислува за повторна кандидатура за Белата куќа оцени дека „се слаби“ санкциите што ги воведе администрацијата на Бајден против Путин за блиски до него поединци и организации.
„Тие се незначителни кога се споредуваат со окупацијата на една земја или стратешки области“,
рече тој.
Според Трамп, не само што Путин го постигнува тоа што отсекогаш го сакал, туку и станува побогат благодарение на зголемените цени на нафтата и гасот.