„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени ‘народни републики’, напиша на својот твитер-профил премиерот Димитар Ковачевски и повика на дипломатско решавање на конфликтот
Преку твитер-статус, премиерот Димитар Ковачевски денеска ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „народни републики“.
„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени ‘народни републики’“,
напиша премиерот на својот профил на Твитер.
Тој во статусот додаде оти ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015 година и повика на решавање на конфликтот по дипломатски пат.
„Заедно со НАТО-сојузниците, повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат“,
додаде Ковачевски.