Во изминатото деноноќие, се регистрирани 838 новозаразени (или околу 20,5 проценти од вкупно тестираните) и 1 140 оздравени пациенти, но и 20 смртни случаи
Регистрирани се 838 нови случаи на ковид-19 во последното деноноќие во земјава од 4 078 тестови. Со тоа процентот на заразени од тестирани падна на околу 20,5, а бројката на излекувани е повиска од бројката на новодијагностицирани. Но повтрно е висока бројката на починати – 20 во изминатите 24 часа.
Нови позитивни на ковид-19 се регистрирани во: Скопје – 430, Велес – 52, Битола – 42, Куманово – 40, Тетово – 34, Прилеп – 33, Струмица – 23, Кавадарци – 22, Кичево – 19, Неготино – 17, Охрид – 16, Штип – 15, Гостивар – 14, Гевгелија и Ресен – по 12, Кочани – 10, Радовиш – 9, Струга – 8, Дебар – 7, Крива Паланка – 4, Делчево, Валандово, Виница и Демир Хисар – по 3, Богданци – 2, Свети Николе, Берово, Кратово, Крушево и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни тестови (838), 118 се реинфекции.
Регистрирани сe 1 140 оздравени пациенти од: Скопје – 413, Битола – 98, Кавадарци – 97, Велес – 91, Тетово – 61, Гостивар – 49, Струмица – 43, Куманово и Кичево – по 41, Неготино – 38, Гевгелија – 29, Свети Николе – 25, Охрид – 19, Кочани – 15, Прилеп – 14, Штип и Крива Паланка – по 10, Демир Капија – 8, Ресен и Валандово – по 7, Виница – 6, Струга и Дебар – по 5, Богданци – 3, Делчево – 2, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.
Во изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: десет од Скопје (69г, 73г, 76г, 77г, 77г, 80г, 81г, 83г, 84г и 85г), тројца од Тетово (64г, 72г и 74г) и по еден смртен случај од Кочани (70г), Кратово (84г), Крива Паланка (71г), Куманово (68г), Неготино (83г), Прилеп (83г) и Струмица (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (2). Починатите лица се на возраст од 77г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 3 до 14 февруари. Тие починале во болница.
Од вкупниот број на починати лица, кај 22 лица се регистрирани коморбидитети, како што соопштија од Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 1 866 119 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 292 660, бројот на оздравени пациенти е 275.948, на починати е 8.891, а бројот на активни случаи изнесува 7 821.