Oд Министерството за внатрешни работи апелираат и возачите и пешаците да ги почитуваат сообраќајните прописи
Министерството за внатрешни работи при вчерашната засилена акциска контрола санкционира 94 возачи кои не застанале на пешачки премин. Од нив, 42 биле на територија на СВР Скопје.
При акциската контрола на полицијата санкционирани се и 125 други видови сообраќајни прекршоци.
Oд Министерството за внатрешни работи апелираат и возачите и пешаците да ги почитуваат сообраќајните прописи.
„Продолжуваат засилените акциски контроли. Возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но и пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин зашто непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“,
апелира МВР.