На Инфективната клиника во Скопје е регистриран прв случај на заразен од коронавирус во земјава, дознава „360 степени“. Потврда на оваа неофицијална информација се очекува на прес-конференција на премиерот Оливер Спасовски, министерот Венко Филипче и Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, која е закажана за во 16:30 часот.
Според неофицијални информации, станува збор за жена која се вратила од Италија, каде била лекувана со антибиотик.
*поврзана вест Официјално: Потврден прв случај на коронавирус во Македонија
