Бугарскиот европратеник вчера предизвика скандал во Европскиот парламент откако во текот на дебата за пресудата на Европскиот суд на правдата, со која се критикува владеењето на правото во Унгарија и Полска, отпоздрави со нацистички поздрав и ја напушти салата
Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола ќе покрене постапка за санкции против бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој вчера предизвика скандал со нацистички поздрав додека ја напушташе собраниската сала, објави Политико.
Џамбаски денеска негира дека неговиот гест бил фашистички поздрав, нарекувајќи го инцидентот „мало недоразбирање“, а тоа им го испратил преку електронска пошта на неговите колеги.
Мецола претходно на Твитер го осуди ваквиот гест на Џамбаски.

Официјален претставник од Парламентот на кој се повикува „Политико“ и кој побарал анонимност, бидејќи инцидентот се испитува, рекол дека се очекува покренување истрага за кршење на правилата. Тој би можел да биде суспендиран или казнет парично.