За рушење на власта гласаа 43 пратеници на опозицијата и пратеничкиот клуб „Црно на бело“, а против беа 11 пратеници
Парламентот на Црна Гора му изгласа недоверба на кабинетот на премиерот Здравко Кривокапиќ и со тоа го отвори патот за преговори за формирање нова влада во Подгорица.
За рушење на власта гласаа 43 пратеници на опозицијата и пратеничкиот клуб „Црно на бело“ . Против беа 11 пратеници.
Пред гласањето, пратениците на Демократскиот фронт (ДФ), Движењето за промени (ПзП) и Социјалистичката народна партија (СНП) ја напуштија пленарната сала.
Во салата не беше ниту пратеникот на Демос, Миодраг Лекиќ.
Пратеникот на „Црно на бело“, Милош Конатар, најави дека утре ќе почнат консултации за формирање нова влада.