Ќе разговараме и за нашите сеопфатни предлози за долгорочни гаранции за безбедноста на Русија, најави рускиот помошник на претседателот за меѓународни прашања
Рускиот претседател Владимир Путин вечерва телефонски ќе разговара со британскиот премиер Борис Џонсон за две клучни теми: решавање на украинската криза и безбедносните гаранции, изјави рускиот помошник на претседателот за меѓународни прашања Јуриј Ушаков.
„Ова е внатрешно украинско решение, со оглед на вчерашната посета на Џонсон на Киев. Ќе разговараме и за нашите сеопфатни предлози за долгорочни гаранции за безбедноста на Русија“,
истакна Ушаков.
Тој додаде дека двајцата лидери ќе опфатат и некои прашања од билатералната соработка, која, како што оцени, сега е на „многу, многу ниско ниво“.
Претходно, кабинетот на британскиот премиер соопшти дека Џонсон очекува телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.