Генчовска и Ауреску разговарале и за можноста за заедничка посета на Киев во знак на солидарност
Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска имаше телефонски разговор со нејзиниот романски колега Богдан Ауреску, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи.
Тие изразиле силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Генчовска и Ауреску разговарале и за можноста за заедничка посета на Киев во знак на солидарност со Украина.
Министерката Генчовска упати честитка по повод 30-годишнината од потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и добрососедство меѓу Бугарија и Романија. Двајцата министри ги потврдија одличните односи меѓу Бугарија и Романија и разговараа за продлабочување на соработката меѓу Софија и Букурешт, се наведува во соопштението на бугарското МНР.