Иконому истакна дека тридневната расправа во парламентот ќе биде одлична можност за дискусија за сите теми, а граѓаните ќе слушнат за сите остварувања на Владата, која Ципрас бара да си замине
Портпаролт на грчката Влада, Јанис Иконому, коментирајќи го предлогот на на лидерот на опозициската Сириза, Алексис Ципрас, за гласање недоверба на Владата, рече дека експремиерот е свесен за своето намалено политичко влијание, а политичката иднина на неговата партија е несигурна, па затоа со овој потег се обидува да остави впечаток.
Иконому истакна дека тридневната расправа во парламентот ќе биде одлична можност за дискусија за сите теми, а граѓаните „ќе имаат уште една шанса да слушнат за економијата, за инвестициите, за владеењето на правото, за заштитата на земјата, за дигиталната трансформација, за здравјето, за безбедноста, за управувањето со кризи, да слушнат за остварувањата на Владата, која Ципрас бара да си замине“, пренесува МИА.
„Граѓаните ќе имаат можност да слушнат за низа прашања што ги засегаат, кои влијаат на нивните животи и сами да извлечат заклучоци“,
рече Иконому,
Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас претпладнево достави до Парламентот предлог за гласање недоверба на, како што рече, „најлошата Влада во земјата по падот на хунтата“.
Тридневната расправа во парламентот ќе започне утре, а ќе заврши во недела со гласање на пратениците.