Инцидентот се случи рано утрово во фабриката за проектили „Пивденмаш“
Украинската полиција денеска го уапси војникот на Националната гарда, кој уби пет лица во воена фабрика, пукајќи од службено оружје, а потоа побегна, изјави министерот за надворешни работи Денис Монастирски.
„Артемиј Рјабчук штотуку е уапсен од полицијата во регионот Дњепропетровск“,
напиша Денис Монастирски на Фејсбук.
Рјабчук отворил оган од автоматска пушка „калашников“, а потоа побегнал од местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи, од каде што додаваат: „Како резултат на тоа, пет лица загинаа, а уште петмина се повредени“.
Инцидентот се случи рано утрово во фабриката за проектили „Пивденмаш“.
Објектот „Пивденмаш“, поранешен „Јужмаш“, е државна фабрика за воздухопловство која произведува и тестира материјали поврзани со одбраната, аеронаутиката и земјоделството, според нејзината веб-страница.