Претходно, прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше и на почетокот на август, како и во ноември минатата година, исто така поради неисплатени делови од платите на вработените во „Железници“, но по исплатата вработените повторно се вратија на работните обврски
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од седум часот утрово е повторно во прекин, овој пат поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – транспорт“, поради неисплатениот втор дел од декемвриската плата.
Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, во изјава за МИА се повика на одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25 во тековниот месец.
„Се повикуваме на оваа одлука и поради тоа не ги извршуваме работите. Веднаш ќе продолжиме со работа кога ќе ни се исплати вториот дел од декемвриската плата“,
нагласи Чакаровски.
Тони Димовски, пак, кој исто така е претставник на машинскиот персонал, кусо одговори дека се во тек „разговори и преговори околу барањето“.
Согласно одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во „Железници – транспорт“ бара и исплата на материјалните трошоци до 10 во тековниот месец.
Претходно, прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше и на почетокот на август, како и во ноември минатата година, исто така поради неисплатени делови од платите на вработените од „Железници“, но по исплатата вработените повторно се вратија на работните обврски.