Премиерот Руте рече дека бројот на заразени со коронавирусот е сè уште висок и дека е јасно дека укинувањето на мерките ќе значи ризик
Владата остана на препораките да не се примаат повеќе од четворица гости дома и да се продолжи со работа од дома
Холандската Влада објави дека баровите, рестораните и културните објекти ќе бидат повторно отворени од денеска, по одлуката да го укине нивното затворање воведено пред Божиќ, на 25 декември.
Премиерот Марк Руте рече дека ова е одговорот на големите тензии кои владеат во угостителскиот и културниот сектор.
„Денес правиме голем чекор кон ублажување на мерките против епидемијата на коронавирус“,
рече Руте, додавајќи дека бројот на заразени со коронавирусот е сè уште висок и дека е јасно дека укинувањето на мерките ќе значи ризик.
Продавниците и фризерите беа отворени на 15 јануари, но баровите, рестораните, музеите и театрите сè уште беа затворени, што предизвика незадоволство кај граѓаните.
Владата остана на препораките да не се примаат повеќе од четворица гости дома и да се продолжи со работа од дома.