Најголемата крипто-валута полека застанува на нозе и синоќа порасна за 5,6 отсто, со што нејзината вредност сега е 37 183 долари. Сепак, тргувањето со криптовалути станува сè понеизвесно и понестабилно
Крипто-валутата етериум падна на само 2 176 долари, што е најниска во последниве два квартали
Во понеделникот вредноста на биткоинот падна на 32 982 долари, што е пад од шест отсто и најниска вредност од јули минатата година.
Но, најголемата крипто-валута полека застанува на нозе и синоќа порасна за 5,6 отсто, со што нејзината вредност сега е 37 183 долари. Сепак, тргувањето со криптовалути станува сè понеизвесно и понестабилно.
Крипто-валутата етериум падна на само 2 176 долари, што е најниска во последните два квартали. Но ваквите падови не треба премногу да ги изненадат крипто-ентузијастите бидејќи ова е осми пат од 2009 година вредноста на крипто-валутите да падне за повеќе од 50 отсто, пишува „Волстрит џурнал“.
Биткоинот и етериумот заедно се на само 45 отсто од нивната рекордна вредност во текот на изминатата година. Биткоинот во ноември вредеше 69 000 долари, а моменталната вредност е 37 000 долари, со вчерашниот раст од шест отсто.
Вредноста на крипто-валутите се движи паралелно со акциите кои продолжија да паѓаат од почетокот на годината и штотуку излегоа од својата најлоша недела во последната година. Инвеститорите продаваа ризични средства како што се акциите на технолошките компании, како подготовка за заострената монетарна политика на Федералните резерви, пишува Си-ен-би-си.
Земјите сè повеќе се застануваат против употребата на крипто-валути, а Русија неодамна предложи забрана за нивно ископување.