Студијата ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор на вакцината кај 1 420 здрави возрасни лица на возраст од 18 до 55 години
Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ ќе започнат со клиничко тестирање на вакцина специјално создадена за сојот омикрон на коронавирус, соопштија денеска компаниите.
Студијата ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор на вакцината кај 1 420 здрави возрасни лица на возраст од 18 до 55 години.
Студијата е поделена во три групи.
Учесниците во првата група примиле две дози од сегашната вакцина „Фајзер“ најмалку 90 до 180 дена пред студијата. Тие ќе примат една или две дози специфична вакцина за омикрон.
Учесниците во втората група примиле три дози од сегашната вакцина „Фајзер“ најмалку 90 до 180 дена пред студијата. Тие ќе добијат единечна доза од сегашната вакцина на „Фајер“ или вакцина специфична за омикрон.
Учесниците од третата група не примиле никаква вакцина против ковид претходно. Тие ќе добијат три дози омикрон-специфична вакцина.
Вакцината специфична за омикрон ќе се дава во доза од 30 микрограми, исто како и сегашната вакцина.
„Додека тековните истражувања и податоците од реалниот свет покажуваат дека засилувачките дозите продолжуваат да обезбедуваат високо ниво на заштита од сериозни заболувања и хоспитализација со омикрон, ние ја препознаваме потребата да бидеме подготвени во случај оваа заштита да ослабне со текот на времето и потенцијално да помогне во решавањето на проблемите со омикронот и нови варијанти во иднина“,
рече Кетрин Јансен, виш потпретседател на „Фајзер“ и шеф на истражување и развој на вакцини.