САД го убија лидерот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, Касим ал-Рајми.

Веста првично ја соопшти американскиот претседател Доналд Трамп посочувајќи дека убиството е изведено во антитерористичка операција во Јемен.
Информацијата за убиството на Касим ал-Рајми ја потврди и самата терористичка група Ал Каеда преку соопштение на интернет страницата „Сајт“.
Инаку, САД сметаат дека Ал Каеда на Арапскиот Полуостров е еден од нејзините најопасни ограноци.