Земјотрес со јачина од 5,7 степени потресе регион на турско-иранската граница, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Сè уште нема конечни извештаи, но досега е констатирано дека има најмалку седум загинати. Меѓу загинатите четири се деца, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри.
Иранските власти испратија екипи за спасување во областа на земјотресот. Потресот бил најсилно почувствуван во ненаселен реон на покраината Западен Азербејџан.