Владата на првата седница донела одлуки и за именување членови и претседатели на основните и посебните комисии

На првата конститутивна седница на владата, Мартин Попов е именуван за шеф на канцеларијата на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, информираа од владината прес-служба.
Попов е актуелен советник во Советот на Град Скопје, а претходно беше и организациски секретар на СДСМ од која позиција беше сменет минатиот месец кога на негово место беше поставен Вангел Андревски.
На владината седница биле именувани и претседателите и членовите на основните комисии на Владата:
Комисијата за економски систем и тековна економска политика:
- Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи – претседател
- Фатмир Бесими, министер за финансии – член
- Крешник Бектеши, министер за економија – член
- Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање – член
- Благој Бочварски, министер за транспорт и врски – член
- Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – член
- Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика – член
Комисијата за политички систем:
- Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – претседател
- Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања – член
- Славјанка Петровска, министерка за одбрана – член
- Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи – член
- Никола Тупанчески, министер за правда – член
- Бујар Османи, министер за надворешни работи – член
- Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација – член
Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој:
Славица Грковска, вицепремиерка за политики на добро владеење – претседателка
- Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања – член
- Фатмир Бесими, министер за финансии – член
- Беким Сали, министер за здравство – член
- Јетон Шаќири, министер за образование и наука – член
- Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика – член
- Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација – член
- Горан Милевски, министер за локална самоуправа – член
- Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура – член
Исто така, формирани се и посебните комисии на Владата.
Комисијата за именување:
- Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања – претседател
- Артан Груби, прв вицепремиер – член
- Фатмир Бесими, министер за финансии – член
- Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – член
- Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи – член
- Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање – член
Комисијата за станбени прашања:
- Благој Бочварски, министер за транспорт и врски – претседател
- Артан Груби, прв вицепремиер – член
- Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања – член
- Беким Сали, министер за здравство – член
- Горан Милевски, министер за локална самоуправа – член
- Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – член
Комисијата за приватизација:
- Крешник Бектеши, министер за економија – претседател
- Благој Бочварски, министер за транспорт и врски – член
- Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација – член
- Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – член
- Беким Сали, министер за здравство – член
На првата седница Владата го формирала и Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи:
- Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи – член и раководител на Управувачкиот комитет
- Славјанка Петровска, министер за одбрана
- Бујар Османи, министер за надворешни работи
- Беким Сали, министер за здравство – член
- Благој Бочварски, министер за транспорт и врски – член
- Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи – член и раководител на Групата за процена.