Познатиот сатиричен весник, кој своевремено беше нападнат од терористи поради исмејувачките цртежи на пророкот Мухамед, нема милост ниту кон ставовите на тенискиот ас
Познатиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, познат по своите карикатури кои често ја минуваат границата, овој пат му се посвети на Новак Ѓоковиќ , кој може да биде депортиран од Австралија по долга битка за виза, пренесува „Дневник.хр“.
Ситуацијата на српскиот тенисер е тема број еден во светот изминатава недела, а познатиот сатиричен весник, кој своевремено беше нападнат од терористи поради исмејувачките цртежи на пророкот Мухамед, сега посвети неколку цртежи на маките на Ѓоковиќ.
„Новак Ѓоковиќ го заслужува најдоброто“
е насловот на мини-стрипот од четири карикатури, а цртежите и пораките се брутални.
„Ѓоковиќ како исклучок“,
пишува но првата, на која се гледа како тенисерот ја блокира вакцината со рекет, а под неа пишува „големите шампиони го заслужуваат најдоброто“.

На другата е Ѓоковиќ со собирач на топки кој е на респиратор.
„Да му дадеме собирач на топки каков што заслужува“,
пишува погоре, а над собирачот се зборовите: „Требаше да се вакцинирам“.
Третиот има порака: „Да му ги дадеме спонзорите што ги заслужува“. Но последната порака е особено брутална. Тој е поканет во Франција со цртеж со ковчези, со натпис „не вакциниран“ и зборовите: „Тука ќе ја најдете вашата среќа меѓу нашите антиваксери“.