Генералниот секретар на движењето БЕСА, Арјанит Хоџа, во интервју за „360 Степени“, ја коментираше изјавата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев кој рече „можеби“ на прашањето дали партијата преговара за предизборна коалиција со БЕСА.
„Одговорот не може да биде можеби или не, или има или нема преговори. Јас можам да истакнам со целосна одговорност дека нема предизборни преговори меѓу движењетото БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ и мислам дека во оваа фаза и со оваа реторика која ја има изразено ВМРО е несериозен таквиот пристап, објавувањето на веста или спинот. Јас тука јавно кажувам, ниту имало преговори, ниту пак има преговори“,
вели Хоџа.
Хоџа вели дека БЕСА дала шанса ВМРО-ДПМНЕ да го промени пристапот кон Албанците, но дека од оваа партија пред распуштање на Парламентот барале да се тргнат од дневен ред измените на Законот за личните карти согласно договорот на БЕСА со владата за етничката графа во личните карти.
Во однос на средбата на раководството на двете партии, Хоџа вели дека имаат редовна комуникација со ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија и дека не се работи за договор за предизборна коалиција.