Од МЗ посочуваат дека кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот е една од најголемите во модерното време, а тоа бара одговорно однесување и дејствување во сите сегменти на општеството и поради тоа за нив се неразбирливи причините поради кои Димитров истапува во јавноста со вакви ставови
Министерството за здравство реагира на изјавата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во која тој вели дека имал различен став во однос на многу теми, меѓу кои и мерките против пандемијата.
„Министерството за здравство е изненадено од непромислената изјава на вицепремиерот Никола Димитров, со која покажува значителна несериозност кон ковид-пандемијата. Чесно е Димитров да каже дека на многу седници на ГККШ или на Владата кога на дневен ред беа токму тие точки, тој не ни присуствуваше туку на седниците го заменуваше државниот секретар. Кога седниците, пак, беа ‘удостоени’ со присуството на вицепремиерот, тој во ниту еден момент не се спротивстави на препораките и на мислењата на стручната лекарска фела која до Владата препорачуваше и советуваше во кои насоки да се движат мерките за заштита од ширење на ковид-19. Димитров, апсолутно го делеше мислењето со колегите“,
се вели во писмената реакција од МЗ.
Од МЗ посочуваат дека кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот е една од најголемите во модерното време, а тоа бара одговорно однесување и дејствување во сите сегменти на општеството и поради тоа за нив се неразбирливи причините поради кои Димитров истапува во јавноста со вакви ставови.