Претседателот на РЕК, Марко Бислимовски, истакна дека оваа мерка ќе обезбеди сигурност и стабилност во снабдувањето со топлинска енергија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната заедничка пресконференција со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денеска изјави дека Владата во координација со сите институции им предложила на сите компании кои имаат лиценца за снабдување со топлинска енергија разликата од актуелната до реалната цена, да се покрие од буџетот.
Според Бектеши, тоа значи дека Владата ќе покрие 80 отсто од разликата, додека Град Скопје и општините во градот ќе го покријат останатиот дел од 20 отсто.
Владата во име на потрошувачите средставата ќе ги уплати на БЕГ, а домаќинствата нема да добијат повисоки сметки за топлинска енергија, тврди Бектеши.
Претседателот на РЕК, Марко Бислимовски, истакна дека оваа мерка ќе обезбеди сигурност и стабилност во снабдувањето со топлинска енергија, како и тоа дека трошоците за домаќинствата ќе останат непроменети.
„Сите чинители во енергетскиот сектор мора да бидат солидарни, сите знаеме дека граѓаните нема да го понесат товарот од енергетската криза, тоа е невозможно, нашата земја се соочува со незапаметена енергетска криза. Секој презема мерки за надминување на кризата и никогаш повеќе да не се повтори. Решението е следно РЕК ќе донесе одлука со која цените за топлинска енергија ќе бидат реални. Разликата меѓу реалната цена до постоечката ќе бидат покриени во најголем дел од Владата, а во еден минимален дел од Градот Скопје и општините на градот Скопје. Со овие мерки цените трошокот за топлинска енергија на домаќинствата ќе останат непроменети“,
изјави Бислимовски

