Само во Скопје во изминатото деноноќие се регистрирани нови 1 070 случаи позитивни на коронавирус, со што вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236 241
Рекорден број од 1 964 новозаразени од ковид-19 е регистриран во последните 24 часа во земјава, од почетокот на 2022 година. Изминатата седмица бројот на заразени од ковид-19 во земјава во главно надминуваше илјада случаи на дневно ниво.
Според податоците од Министерството за здравство во изминатите 24 часа се направени вкупно 7 724 тестови, а регистрирани се 1 964 нови случаи на ковид-19, што е 25,4 отсто позитивни од бројот на тестирани.
Најголем број од новозаразените се од Скопје – 1070, Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51, Валандово – 44, Радовиш – 35, Велес – 32, Гевгелија – 31, Кавадарци – 29, Тетово и Кочани по – 22, Гостивар и Крушево по – 21, Струга и Струмица по – 20, Кичево и Крива Паланка по – 17, Ресен и Богданци по – 13, Штип, Неготино и Делчево по – 12, Свети Николе – 10, Кратово – 9, Демир Хисар – 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево по – 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по – 2, Демир Капија – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се и седум починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 87г), 2 починати лица од Прилеп (74г и 86г) и по едно починато лице од Ресен (67г), Струга (71г) и Крива Паланка (39г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнителни шест лица, 2 починати лица од Гевгелија (66г и 78г) и по едно починато лице од Скопје (71г), Битола (78г), Делчево (70г) и Кавадарци (76г), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г. Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.
Поради технички проблем во системот Мој Термин во текот на денешниот ден не беа евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од денешниот ден ќе бидат прикажани во утрешната информација.
Досега во земјата се направени вкупно 1 672 767 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236 241, бројот на оздравени пациенти е 215 853, на починати е 8 055, а бројот на активни случаи изнесува 12 333.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 105 740, Активни 7 278
Куманово 13 440, Активни 311
Тетово 11 557, Активни 135
Прилеп 11 414, Активни 655
Битола 10 343, Активни 1101
Гостивар 8 210, Активни 128
Кавадарци 7 757, Активни 345
Велес 7 685, Активни 191
Охрид 7179, Активни 443
Штип 6 937, Активни 188
Струмица 6 483, Активни 212
Кичево 4 435, Активни 115
Кочани 4 211, Активни 107
Струга 4 025, Активни 92
Гевгелија 3 133, Активни 196
Неготино 2 723, Активни 80
Свети Николе 2 189, Активни 36
Крива Паланка 2 022, Активни 65
Ресен 1 985, Активни 108
Радовиш 1 899, Активни 94
Делчево 1 521, Активни 55
Берово 1 499, Активни 19
Дебар 1 469, Активни 11
Виница 1 200, Активни 21
Пробиштип 1 177, Активни 35
Валандово 1 130, Активни 93
Кратово 806, Активни 17
Богданци 725, Активни 42
Демир Хисар 673, Активни 32
Крушево 674, Активни 70
Македонски Брод 568, Активни 25
Демир Капија 441, Активни 8
Македонска Каменица 435, Активни 7
Пехчево 370, Активни 11
Дојран 186, Активни 7