Скопјани се смрзнуваа во текот на викендот, радијаторите беа ладни, а таму каде што има можност се користат топлинските пумпи (клима уредите) или електричните греалки и дополнително се оптоварува електроенергетскиот систем, напиша тој на ФБ
Распишете веднаш тендер ЕЛЕМ (ЕСМ продажба) за набавка на струја (и така ви недостасува, па крадете наоколу) во периодите од денот кога ТЕ-ТО не работи со флексибилност од 0 до 200 MW, намалете со трошење на увозен и скап јаглен и намалете со трошење на хидроакомулациите, штедете, ќе ви треба, ќе биде долга и напорна (енергетски) година. Така ќе имаат скопјани топли радијатори, ЕЛЕМ (ЕСМ) ќе штеди ресурс и ќе има струја (која нема скапо МЕПСО да ја плаќа како крадената од околните држави)!
Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека ќе се надмине проблемот со ладните радијатори во Скопје.
„Зошто ова се случува? Затоа што ТЕ-ТО произведува топлина кога произведува струја (когенерација – така е поисплатливо) или да бидам попрецизен ТЕ-ТО си склучил договор за јануари да продава пик профил од понеделник до петок, а во петок навечер до понеделник наутро не работи бидејќи нема економска исплатливост да произведува само топлина за БЕГ“,
напиша Мицкоски на Фејсбук.