Фатмир Битиќи, Благој Бочварски, Горан Милевски и Оливер Спасовски остануваат на досегашните позиции
СДСМ на вечерашната седница во партијата го поддржа новиот состав на Владата, кој мандатарот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, се очекува утре да го достави во Собранието.
Славица Грковска е предложена на позицијата вицепремиер за борба против корупцијата, Љупчо Николовски се враќа на својата некогашна функција, министер за земјоделство, Никола Тупанчевски ќе биде новиот министер за правда, додека неговиот претходник во Правда, Бојан Маричиќ, ќе биде вицепремиер за евроинтеграции.
Славјанка Петровска е предложена на позицијата министер за одбрана, Бисера Костадиновска Стојчевска е предложена за министерка за култура, а Јована Тренчевска за труд и социјална политика.
Фатмир Битиќи, Благој Бочварски, Горан Милевски и Оливер Спасовски остануваат на досегашните позиции.
Ковачевски објавувајќи го списокот на министри на СДСМ истакна дека станува збор за „докажани кадри“.
На прашање за приоритетите на новата влада, меѓу кои се и справување со енергетската криза, Ковачевски рече дека ќе бидат преземени низа мерки за енергетска стабилност. За очекувањата од средбата со бугарскиот премиер, тој рече дека е добро што ќе се разговара за инфраструктурата, економијата, односно за иднината, не за историјата.