Утре со почеток од 22 часот нема да функционира опцијата за плаќање на билот во јавниот превоз со мобилен телефон, информираат од ЈСП Скопје.
Оттаму истакнуваат дека станува збор за времен прекин на оваа услуга поради надградба на системот за електронска наплата.
„Прекинот на оваа услуга, ќе биде од времен карактер, поради надградба на системот за електронска наплата. Од среда (12.01.2022 год), опцијата за плаќање со мобилен телефон ќе биде достапна“, се додава во соопштението на ЈСП Скопје.