Во последното деноноќие се регистрирани 813 позитивни случаи и шест починати лица. Дополнително, регистрирани се уште четири смртни случаи од претходните денови, а меѓу жртвите има и еден странец

Во последните 24 часа направени се 5 165 теста, а регистрирани се 813 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Иако бројката на новозаразени за разлика од повеќето денови изминатото деноноќие е под илјада, сепак процентот на позитивни од вкупниот број тестирани е најголем во последните четири дена:
- 10 јануари (денеска) – 15,7 отсто позитивни (813 позитивни од 5 165 тестирани)
- 9 јануари – 12,2 отсто позитивни (1 396 позитивни од 11 479 тестирани)
- 8 јануари – 9,7 отсто позитивни (632 позитивни од 6 531 тестирани)
- 7 јануари – 14,8 отсто позитивни (1 171 позитивен од 9 932 тестирани)
- 6 јануари – 23,2 отсто позитивни (1 725 позитивни од 7 427 тестирани)
- 5 јануари – 19,1 отсто позитивни (1 375 позитивни од 7 188 тестирани)
- 4 јануари – 16 отсто позитивни (1 197 позитивни од 7 483 тестирани)
Каде се регистрирани новите случаи
Новите 813 случаи регистрирани изминатото деноноќие се во: Скопје – 549, Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, Гостивар и Велес – по 9, Гевгелија – 7, Кочани – 6, Ресен и Виница – по 5, Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 4, Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар – по 3, Демир Хисар – 2, Свети Николе и Валандово – по 1.
Регистрирани се 998 оздравени пациенти од: Скопје – 498, Прилеп – 105, Битола – 58, Охрид и Струмица – по 38, Велес – 27, Кичево – 22, Кавадарци – 21, Гевгелија и Валандово – по 20, Куманово и Ресен – по 18, Штип – 16, Неготино – 15, Крива Паланка – 11, Радовиш и Делчево – по 10, Свети Николе – 9, Македонски Брод – 8, Тетово и Богданци – по 7, Кочани – 6, Демир Хисар – 4, Гостивар и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2, Виница и Берово – по 1.
Меѓу починатите и еден странец
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 74г и 78г) и по едно починато лице од Тетово (78г), Валандово (58г) и Кичево (78г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени сè уште 4 лица: 2 починати лица од Тетово (странец) и по едно починато лице од Кичево и Гостивар, починати во период од 27 – 29.12.2021г. Починатите се на возраст од 57 години до 68 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Активни се 10 383 случаи – каква се состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 234 277, бројот на оздравени пациенти е 215 852, на починати е 8 042, а бројот на активни случаи изнесува 10 383.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 104 670, Активни 6 212
- Куманово 13 388, Активни 259
- Тетово 11 535, Активни 113
- Прилеп 11 292, Активни 535
- Битола 10 117, Активни 876
- Гостивар 8 189, Активни 107
- Кавадарци 7 728, Активни 317
- Велес 7 653, Активни 159
- Охрид 7 128, Активни 392
- Штип 6 925, Активни 176
- Струмица 6 463, Активни 192
- Кичево 4 418, Активни 98
- Кочани 4 189, Активни 85
- Струга 4 005, Активни 73
- Гевгелија 3 102, Активни 167
- Неготино 2 711, Активни 68
- Свети Николе 2 179, Активни 26
- Крива Паланка 2 005, Активни 49
- Ресен 1 972, Активни 96
- Радовиш 1 864, Активни 59
- Делчево 1 509, Активни 44
- Берово 1 495, Активни 15
- Дебар 1 467, Активни 9
- Виница 1 198, Активни 19
- Пробиштип 1 173, Активни 31
- Валандово 1 086, Активни 49
- Кратово 797, Активни 8
- Богданци 712, Активни 29
- Демир Хисар 665, Активни 24
- Крушево 653, Активни 49
- Македонски Брод 564, Активни 21
- Демир Капија 440, Активни 7
- Македонска Каменица 433, Активни 5
- Пехчево 366, Активни 7
- Дојран 186, Активни 7