Од 7 416 тестирани лица, инфекцијата е потврдена кај 3 349, со 45,2 отсто позитивни наоди, што е значително полошо од пред седум дена, кога имаше 2 529 нови инфекции со 41,8 отсто позитивни тестови, потврди Националниот институт за јавно здравје
Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 3 349 нови инфекции со коронавирус, при што речиси секој втоор тестиран бил позитивен. Регистрирани се и шест смртни случаи, а експертите сметаат дека петтиот бран на епидемијата предизвикана од сојот омикрон ќе биде краток.
Од 7 416 тестирани лица, инфекцијата е потврдена кај 3 349, со 45,2 отсто позитивни наоди, што е значително полошо од пред седум дена, кога имаше 2 529 нови инфекции со 41,8 отсто позитивни тестови, потврди Националниот институт за јавно здравје.
Според анализите на експертите од љубљанскиот Медицински факултет, бројот на заразени е двојно зголемен за една недела, пренесе Хина.
Петтиот бран на епидемијата ќе биде релативно краток, а врвот се очекува кон крајот на јануари или почетокот на февруари.
Според Министерството за здравство, седумдневниот просек на дневни инфекции е зголемен за 12 отсто и сега изнесува 3 463 случаи, во пораст е и 14-дневната инциденца со 1 646 инфекции на 100 000 жители, а активни се 34 705 случаи.
Бројот на целосно вакцинирани продолжува бавно да расте и моментално изнесува 56,7 отсто од населението.
Во болниците има 538 пациенти со ковид-19, од кои 156 се на интензивна нега, а со шесте починати во последните 24 часа, бројот на починати од ковид-19 од почетокот на епидемијата е зголемен на 5 650.
Новите протоколи и мерки приспособени на новиот, позаразен вид омикрон стапуваат на сила од утре.
Воведени се ограничувања за бројот на патници во јавниот превоз, а скратена е важноста на негативните тестови при влез во Словенија, така што ПЦР ќе важи 48 часа, а брзиот антиген 24 часа.
Од понеделник, времето на домашен карантин е скратено за лицата кои имале ризичен контакт од претходните десет на седум дена.