Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, вели дека и оваа година граѓаните и македонската држава ги очекуваат бројни предизвици. Тој, при денешната посета на Бигорскиот манастир, остварил средба со епископот Антаниски и Игумен на Бигорскиот манастир, г. Партениј и повика на обединување.
„Она што посакувам да се случи е подавање рака еден на друг, наместо подметнувања, обединување, наместо раздор, сплотување на сите човечки потенцијали, наместо делење по сите национални шевови. Посакувам конечно да се сплотиме како општество околу клучните прашања за иднината на државата. Тука не говорам само за политичко обединување, туку за суштинско, ако сакате и на морално и на духовно рамниште. Ние сме мал народ, којшто, за жал, сè уште се бори со своите внатрешни демони. Од оваа прашнина ние не можеме да ја видиме индината. Разединето општество не може да нè однесе напред, особено кога македонскиот народ и македонската држава е пред клучни предизвици. Ние мора да се обединиме за да го заштитиме нашето достоинство, нашата самобитност, нашиот идентитет во големото семејство на европските државотворни народи”,
рекол Зечевиќ.
Од СДСМ соопштија дека генералниот секретар на партијата разговарал со Игуменот Партениј и за други актуелни теми.

Миле Зечевиќ од неодамна е генерален секретар на СДСМ – позиција која ја наследи од Љупчо Николовски.