Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември. Животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини на пациенти, кои во моментот се нашле во болницата. Два дена по пожарот, оставки понудија директорите на болницата во Тетово, како и министерот и заменик-министерот за здравство
Алијанса за Албанците со соопштение потсетува дека четири месеци по трагедијата со опожарената модуларна болница во Тетово, се уште никој не одговара за смртта на 14 граѓани кои изгореа живи.
Од партијата на Зијадин Села, кои актуелната власт ја нарекуваат „режим“, обвинуваат дека уште од првите денови по трагедијата се крие вистината, а смената на министерот за здравство доаѓа подоцна како резултат на политички пазарења.
„Актуелниот режим уште од првите денови по трагедијата почна да ја крие вистината, трагите од злосторството и да ги исмева роднините на жртвите депонирајќи ги, а потоа отфрлајќи ги оставките. За да биде иронијата поголема, министерот и заменик министерот за здравство не беа разрешени кога живи изгореа 14 тетовци, туку кога требаше да се прават политички пазарења за да преживее режимот. Ова само го потврдува тоа што постојано го предупредувавме, дека власта на хибридниот режим е поважна од животот на граѓаните“,
се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.
Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември, во кој животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини на пациенти, кои во моментот се нашле во болницата. Два дена по пожарот, оставки понудија директорите на болницата во Тетово, како и министерот и заменик-министерот за здравство.