Скопје го надмина бројот од 100 000 позитивни случаи на ковид-19 од почетокот на пандемијата, а во моментов се регистрирани 5 231 активен случај, додека, пак, вкупниот број на активни случаи во земјава изнесува 9 166
Четврти ден по ред во земјава се регистрираат над илјада случаи позитивни на ковид, на дневно ниво. Изминативе 24 часа регистрирани се нови 1 171 случаj позитивни на коронавирус од вкупно 7 932 направени тестирања.
Најголем дел од заразените се од Скопје– 641, Битола – 134, Охрид – 54, Прилеп – 48, Куманово – 39, Кавадарци – 34, Штип – 33, Гостивар – 26, Струмица – 23, Тетово – 21, Велес – 20, Крушево – 16, Кочани – 14, Гевгелија – 13, Кичево и Струга – по 8, Крива Паланка и Ресен – по 6, Виница – 5, Неготино и Пробиштип – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Демир Хисар и Дојран – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се шест починати лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 77г, 84г и 91г) и по едно починато лице од Битола (78г) и Валандово (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe и 204 оздравени пациенти од: Скопје – 120, Битола – 23, Гевгелија – 9, Ресен – 8, Прилеп и Кочани – по 6, Кавадарци и Велес – по 5, Куманово, Струга и Македонски Брод – по 4, Охрид – 3, Штип – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе и Богданци – по 1.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, по едно лице од Кичево, Гостивар, Тетово и Куманово, починати во период од 16.12.2021 до 05.01.2022г. Починатите се на возраст од 48 години до 83 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1 641 868 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 231 436, бројот на оздравени пациенти е 214 258, на починати е 8 012.
Скопје го надмина бројот од 100 000 позитивни случаи на ковид-19 од почетокот на пандемијата, а во моментов се регистрирани 5 231 активен случај, додека, пак, вкупниот број на активни случаи во земјава е 9 166.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 102 840, Активни 5 231
Куманово 13 317, Активни 216
Тетово 11 511, Активни 113
Прилеп 11 172, Активни 530
Битола 9 903, Активни 777
Гостивар 8 155, Активни 79
Кавадарци 7 648, Активни 297
Велес 7 615, Активни 157
Охрид 7 048, Активни 373
Штип 6 884, Активни 163
Струмица 6 428, Активни 205
Кичево 4 389, Активни 98
Кочани 4 166, Активни 71
Струга 3 981, Активни 53
Гевгелија 3 061, Активни 159
Неготино 2 686, Активни 68
Свети Николе 2 171, Активни 28
Крива Паланка 1 994, Активни 49
Ресен 1 947, Активни 107
Радовиш 1 852, Активни 59
Делчево 1 500, Активни 48
Берово 1 491, Активни 15
Дебар 1 462, Активни 4
Виница 1 190, Активни 12
Пробиштип 1 161, Активни 19
Валандово 1 079, Активни 70
Кратово 795, Активни 6
Богданци 709, Активни 36
Демир Хисар 663, Активни 27
Крушево 645, Активни 45
Македонски Брод 557, Активни 26
Демир Капија 440, Активни 7
Македонска Каменица 432, Активни 8
Пехчево 363, Активни 4
Дојран 181, Активни 6
