
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на сите верници од христијанската вероисповед им ги честиташе христијанскиот празник Божик и посака многу здравје, среќа и благосостојба.
„Божиќ е празник на надежта и вербата за нов почеток на животот и во овој дух, славејќи заедно за да ја обновиме вербата и посветеноста на општото добро на животот за сите наши граѓани, правејќи го секој од нас уште подобар и покорисен за нашето општество. Посакувам овој празник да го поминете среќно со вашето семејството и посакувам да поминете среќни моменти со вашите најблиски“,
се вели во честитката на Ахмети.
Лидерот на ДУИ додава и дека заедничките празници не зближуваат еден со друг.
„Заедничките празници и цели за подобар, подуховен, побожен живот, нè зближуваат еден со друг и не прават попосветени на заедничките вредности“,
се додава во честитката на Ахмети.
