
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во изјава за медиумите го честиташе големиот христијански празник Божик, посакувајќи им многу здравје и среќа на граѓаните во годината која ни претстои.
„Ќе ми дозволите да им го честитам на сите православни хистијани, Христовото раѓање – Божик, исто така ја користам оваа прилика да го честитам и вчерашниот голем христијански празник Бадник, да им посакам здравје и среќа, љубов, хармонија во нивните семејства, останатото заедно ќе го направиме со народот на Македонија“,
изјави Мицкоски.
Опозицискиот лидер додаде и дека со заедништво можат да се победат предизвиците во новата година.
„Исто така ќе ми дозволите и на останатите граѓани кои не се од христијанска православна вероисповест да им посакам здравје, бериќет, среќа и хармонија во нивните домови, бидејќи ќе ни треба затоа што сите заедно сме појаки и затоа што само сите заедно можеме да ги победиме предизвиците во 2022 година“,
додаде Мицкоски.