За 1,7 отсто е зголемен индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во однос на истиот месец претходната година
Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во споредба со ноември 2021, е зголемен за 0,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемување е забележано во групата „храна“ за 0,4 проценти, „алкохолни пијалаци“ за 0,6, „безалкохолни пијалаци“ за 0,6 и „ноќевања“ за 0,6 отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во однос на истиот месец претходната година, е зголемен за 1,7 отсто. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,6 отсто, додека во однос на декември 2020 година е зголемен за 0,5 проценти.
