Освен загинатото девојче, во несреќата се повредени и осум деца, а неколку од нив се префрлени на болничко лекување
Осумгодишно девојче загина во истокот на Шпанија откако силен ветер го подигнал детскиот замок на надувување неколку метри во воздухот, соопштуваат тамошните власти, а пренесува Н1.
Во синоќешната несреќа во градот Мислата, во близина на Валенсија, повредени се осум деца од кои неколку се префрлени во болница.
Собранието на Мислата соопшти дека со едноминутнен молк ќе му оддаде чест за загинатото девојче.
Минатиот месец пет деца загинаа во австралиската островска држава Тасманија кога ветер крена замок на надувување во воздух.