Претходниот „црн рекорд“ во Израел беше забележан на 2 септември 2021 година со 11 345 новозаболени од делта сојот
Во Израел денеска е регистриран најголем број новозаразени со ковид-19, што пред сè се должи на сојот омикрон, и покрај воведените рестрикции за патувања и мерките за изолација, соопшти Владата.
Во изминатите 24 часа во Израел се потврдени 11 978 случаи, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.
Претходниот „црн рекорд“ во Израел беше забележан на 2 септември 2021 година со 11 345 новозаболени од делта сојот.
Од вкупно 9,4 милиони жители во Израел, 63 отсто се целосно вакцинирани, а 43 проценти примиле трета, засилувачка доза вакцина против ковид-19. Во Израел од неодамна е предвидена четврта доза за лицата постари од 60 години и со слаб имунитет.
Освен во Израел, црни рекорди по бројот на новозаразени од ковид-19 во еден ден бележат и Франција со рекордни 335 000 нови случаи, Холандија со 24 590 новозаразени, а во Британија околу 3,7 милиони луѓе, имале ковид-19 во последната недела од 2021 година, што е највисока стапка на инфекција забележана за време на пандемијата.